Циркулациона пумпа HST 25/4 | 1″ приклучок

⛟ Бесплатна испорака

3.900 MKD

На залиха

Купи на рати со iute

Опис

Циркулациона пумпа HST 25/4 | 1″ приклучок

HST 25/4 е сигурна циркулациона пумпа наменета за домашни системи за централно греење, подно греење, соларни инсталации и циркулација на чиста вода. Благодарение на компактната конструкција и трите работни брзини, овозможува лесно прилагодување на протокот според потребите на системот, со што се постигнува оптимална работа и рационална потрошувачка на електрична енергија. Пумпата е опремена со месингано работно коло кое нуди висока отпорност на корозија, бигор и абење, обезбедувајќи долг работен век и сигурни перформанси. Погодна е и за соларни системи со гликол каде што е потребна стабилна циркулација на течноста. Тивката работа и минималните вибрации овозможуваат удобно користење во станбени објекти, додека вклучените холендери и дихтунг гумички ја прават монтажата брза и едноставна.

Препорачана примена:

  • Станови и помали куќи

  • Системи со радијатори

  • Подно греење со помала површина

  • Соларни системи за санитарна вода

  • Котли на дрва, пелети и електрични котли

Технички спецификации

Параметар Вредност
Модел HST 25/4
Влез 1″
Излез 1″
Проток 0.7 – 2.9 m³/h
Висина на потисок 0.9 – 3.5 m
Брзина I 32 W
Брзина II 48 W
Брзина III 62 W
Работно коло Месинг
Намена Чиста вода, греење и соларни системи
Вклучено Холендери и дихтунг гумички